Пунта Вентана, природниот камен срцевиден лак, најпознатиoт природен споменик на Порторико и една од најпопуларните туристички дестинации е уништена во вчерашниот земјотрес. Пунта Вентана ја урна потрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер, кој Порторико го затресе по првиот, посилен земјотрес.
Локалното население не можело да верува што се случило, а Метеролошката лабораторија објави фотографија од природното чудо пред и по потресот што шокираше многу луѓе ширум светот.
Во земјотресот настрада 73-годишник кога врз него се урнал ѕид, а неколку луѓе се повредени. Причинета е сериозна материјална штета.
Ванда Васкез, гувернерката на Порторико, прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда по низата земјотреси што го погодија тој карипски остров, вклучувајќи и еден со јачина од 6,4 степени по Рихтерова.