По божиќните празници ќе започне целосно санрање на карпата Цуцка кај Велес – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 12:14 PM

По божиќните празници ќе започне целосно санрање на карпата Цуцка кај Велес

Завршени се комплетните испитувања и проектирања на целиот рид на кој се наоѓа и карпата „Цуцка” на јужниот излез на Велес. Тие траеја скоро една година затоа што се работеше на решение за санирање од кое се очекува еднаш за секогаш да се реши проблемот со свлечиштето наместо како досега само да се отстрануваат одрони.  Ова го соопшти дректорот на Јавното претпријатие за државни патишта  Зоран Китанов.

– Завршен е тендерот. Проектирањето го подготвија стручни експерти од Градежен факултет . Се вршеа геомеханички испитувања ли се што беше потребно, според науката. Штом ги добивме ревдиранте проекти, лани во месец октомври, го објавивме тендерот. Вообичаено за свлечишта се јавуваат специјализирани фирми, кои не се многубројни, но успешен е тендерот и потпшан е договорот, додаде Китанов.

Фирмата е воведена во потребната работа што треба да ја изведе на карпата „Цуцка”. Таа според директорот Китанов по божиќните празници треба да ги започне работите на терен.

– Со тоа ќе се реши деценски проблем приоритетно за велешани но и за сите граѓани кои транзит минуваат по патот под ридот „Цуцка”, констатира Китанов.

Одронот од „Цуцка” се случи на 13 март 2018 година,утрото во 8 часот. На патот се свлекоа карпи тешки 25 тони. Зафатена беше и железничката пруга Велес – Гевгелија.

Јавното претпријатие за државни, овој месец, го очекува и проектот за санација и рехабилтација на регоналнот пат Велес – Демир Капија со цел за што побезбедно патување на граѓаните.