Русија: Почина бебе на -7 степени – го оставиле да спие на „чист воздух“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 11:39 AM

Русија: Почина бебе на -7 степени – го оставиле да спие на „чист воздух“

Руската полиција отвори истрага откако бебе кое било оставено на балкон, смрзнало до смрт, јавуваат официјални лица.

Седуммесечното бебе, кое било ставено во количка, пет часа било изложено на температура од -7 степени, во регионот Кабаровск.
Бебето било оставено на балконот за да спие на чист воздух, објавија локалните медиуми.

Регионалниот министер за здравство подоцна ги предупреди луѓето да не ги оставаат своите деца надвор без надзор.

„Секогаш знајте каде и со кого се вашите деца. Никогаш не одминувајте дете кое мислите дека е во опасност. Доколку дете се изгуби во зима или се повреди на улица, многу лесно може да стане жртва на ниските температури“, напиша министерот на својот инстаграм пост.

Тој исто така кажа дека децата во Кабаровск многу често стануваат жртви на родителската игнорантност и негрижа на она што се основни правила за сигурност.

Според рускиот медиум Лента, детето починало како резултат на хипотермија.
Хипотермија се јавува кога температурата на телото се намалува како резултат на изложеност на ладно.

Најстарите и бебињата под една година се најризичната група меѓу луѓето без поголеми здравствени проблеми.

Носењето на децата да спијат надвор не е нешто невообичаено во земјите со поладна клима.
Теоријата што стои зад спиењето надвор е дека изложувањето на децата на свеж воздух, дури и во зимските месеци може да помогне да се избегнат кашлица и настинки.

Родителите во Финска и во Норвешка исто така веруваат дека нивните деца спијат подобро и подолго кога се на отворено.