Само едeн загинат во сообраќајки во Осло во 2019 година, а само едно дете во цела Норвешка – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 11:19 AM

Само едeн загинат во сообраќајки во Осло во 2019 година, а само едно дете во цела Норвешка

Само една личност загинала во сообраќајни несреќи што се случиле во Осло, главниот град на Норвешка, во текот на целата 2019 година. Ниедно дете нема изгубено живот на сите норвешки патишта во текот на претходната година.

Норвешкиот „Афтенпостен“ објави интересни статистички податоци за состојбата на патиштата во Норвешка и бројот на фатални сообраќајни несреќи. Првпат ниедно дете под 16 години нема настрадано во сообраќајка во цела Норвешка во текот на 2019 година, во која вкупно во сообраќајќи загинале 110 луѓе.

Властите на Осло, објавија статистички податоци кои покажуваат драстичен пад на смртните случаи во сообраќајни несреќи во предходните 50 години.

Норвешка имаше најниска стапка на смртни случаи од сообраќајки во Европа во 2017 година.

Споредено со Осло, во Лондон погинале 126 луѓе, а Британија се’ уште се смета за една од најбезбедните земји за возење.

Најопасни земји во ЕУ, кога се работи за патиштата, се Бугарија и Романија кои во просек имаат 90 смртни случаи на милион граѓани.