Украински авион се урна кај Техеран – веројатно загинале сите 180 луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 8:03 AM

Украински авион се урна кај Техеран – веројатно загинале сите 180 луѓе

Украински патнички авион се урнал синоќа веднаш по полетувањето во близина на аеродромот „Имам Хомеини“ кај иранскиот главен град Техеран, јавува агенцијата ФАРС. Во авионот имало околу 180 патници и членови на екипажот, а, според првичните информации, веројатно нема преживеани.

Се претпоставува дека несреќата била предизвикана од механички проблеми. Трагедијата се случи неколку часа откако Иран изврши балистички ракетни напади насочени кон две бази во Ирак, во кои се распоредени американски сили. Тоа, како што се наведува во Техеран, било одмазда за убиството на генералот на Револуционерната гарда Касем Солејмани. ББС пишува дека нема нформации за евентуална некаква поврзаност на двата случаја.