Македонските ракометни репрезентативци вчера го прославија Божик во Љубљана, каде што се на подготовки пред Европското првенство во ракомет. Ракометарите на големиот христијански празник Божик ја посетија црквата „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, каде што беа пречекани од голем број Македонци.
Македонија в петок на 10. јануари во Виена го игра првиот меч од Европското првенство. Се среќаваме со Украина, а во нашата група се уште домаќинот Австрија и Чешка. Со Чешка играме в недела, а со Австрија во вторник.


