Почна одмаздата за Сулејмани: Иран нападна цели на САД во Ирак – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 7:29 AM

Почна одмаздата за Сулејмани: Иран нападна цели на САД во Ирак

Иранската армија изврши напади со повеќе од десетина балистички ракети врз неколку цели во Ирак, вклучувајќи и две воени бази на американски војници и коалициски сили, соопшти Пентагон. Се работи  за воените бази Аин Асад и Ербил.

Иранската исламистичка Револуционерна гарда ја презела одговорноста за нападите, соопшти иранската државна телевизија, наведувајќи дека тие биле одговор за убиството на иранскиот воен командант Касем Солејмани, кој претходната седмица загина во американски воздушен напад. Во соопштението на Револуционерната гарда се наведува дека и натаму ќе бидат извршувани слични напади.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Помпео и министерот за одбрана Еспер се на консултации во Белата куќа.