Адвокат во „ТНТ“ предупредува поротничка повеќе да не се појавува на судењето – ММС
ММС

Објавено на: 01/6/20 6:38 PM

Адвокат во „ТНТ“ предупредува поротничка повеќе да не се појавува на судењето

Јовица Страшевски, адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба,  Тони Трајковски, обвинет во случајит „ТНТ“ на поранешното СЈО,  во писмо упатено до судијата-поротник Лилјана Ивановска Кочкова побара повеќе да не се појавува на рочиштата за насилното рушење на „Космос“ бидејќи, како што вели тој, во спротивно ќе стори кривичпно дело

Лилјана Ивановска Кочкова ја нарекува поранешна судија-поротник, затоа што според Страшевски уште во декември и истекол мандатот

Тој во писмото и порачува да не доаѓа по празниците, бидејќи според адвокатот, ќе направи кривично дело – лажно претставување

Адвокатот вели дека по сила на закон е престанат нејзиниот мандат, а со него се сложува и Еленко Миланов, адвокатот на Миле Јанакиески, исто така обвинет во „ТНТ“, во телефонска изјава за „Телма“.

– Се прават повреди на кривичниот законик и можат да следат кривични пријави, одговори Миланов.

Доколку се смени поротничката, судењето ќе треба да започне од почеток.

(Фактор)