Зоран Милановиќ е новиот претседател на Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 01/6/20 10:45 AM

Зоран Милановиќ е новиот претседател на Хрватска

Во вчерашниот втор круг од Претседателските избори во Хрватска, Зоран Милановиќ освои 52,69 отсто, а досегашната хрватска претседателка  Колинда Грабар Китаровиќ 47,31 отсто од гласовите.

Кандидатот на левиот центар Зоран Милановиќ победи во повеќето поголеми градови и окружни центри во вториот круг од претседателските избори.

Според неофицијалните резултати на Државната изборна комисија, откако биле обработени сите избирачки места, неговиот противкандидат Колинда Грабар-Китаровиќ го освои мнозинството само во Дубровник, Госпиќ, Пожега, Славонски Брод, Шибеник и Вуковар.

Новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ беше Премиер на Хрватска од 2011 до јануари 2016 година и претседател на СДП од 2007 до 2016 година. Роден е на 30 октомври 1966 година во Загреб, каде го поминал детството и се школувал. Дипломирал на Правниот факултет во Загреб и му беше доделена Ректорска награда.

Зоран Милановиќ е оженет со Сања Музика Милановиќ , доктор на науки по епидемиологија, а ги имаат синовите Анте Јаков и Марко.