Маж на 34 години утрово бил пронајден мртов со прострелна рана во главата. Телото било пронајдено во скопската населба Маџари, под трибините на стадионот „Борис Трајковски“.
Лицето е идентификувано, а смртта ја констатирал доктор од итната медицинска помош.
Покрај телото бил пронајден пиштол, па се претпоставува дека се работи за самоубиство.


