Скокна цената на биткоинот по атентатот на иранскиот генерал – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/20 1:23 PM

Скокна цената на биткоинот по атентатот на иранскиот генерал

Криптовалутата биткоин по атентатот врз иранскиот генерал Ќасим Сулејмани забележа најголем раст во последниот период и во моментот на пишување на овој текст има вредност од 7.335 долари.

Ова е раст од над 5% за популарната и најраспространетата децентрализирана криптовалута. Според очекувањата на аналитичарите цената на биткоинот може да продолжи да расте и натаму со кревање на тензиите меѓу САД и Иран.

Ова особено важи доколку Иран сака да се одмазди за убиството на својот генерал и прв човек на безбедносните и разузнавачките служби.

Скокот на вредноста на биткоинот се поклопува и со краткорочните подигнувања на цените на нафтата и златото како добро кое се купува во вакви периоди со цел да се избегнат девалвирање на вредноста со инфлацијата на цените.

Особено доколку продолжи да расте цената на нафтата со нови тензии во Блискиот исток и се зголеми нервозата кај инвеститорите кои ќе почнат да се грижат дека ќе расте инфлацијата, а за сметка на тоа ќе се намали потрошувачката и инвестициите со негативен одраз врз економскиот раст.

Во такви услови дополнително се очекува да расте интересот за криптовалута како биткоин.

Преземено од: Банкарство