Денешното одредување 8 дневен притвор не е на било кого, туку на претседателот на огранокот на ТМРО во Кавадарци г- Дин Здравко Бошков. Во вечерните часови на 30-ти декември пред неговата семејна куќа беше фрлена експлозивна направа при што целосно изгоре неговиот автомобил а животите на двете малолетни деца и сопругата беа доведени во опасност . Полициската станица во Кавадарци која е под директна ингеренција на локалната самоуправа, настанот воопшто не го објави во билтенот на дневни настани, обвинителството и крим техника не излегоа на лице место веднаш по настанот а сторителите на терористичкиот акт, кој можеби има и политички димензии сеуште е без откриени сторители или нарачатели.
За ТМРО е симптоматично што ТВ медиумите не објавија интегрални снимки од експлодираното опожарени возило сред Кавадарци кое е сопственост на Здравко Бошков, туку денес како главна вест, се лиферува 8 дневен притвор за фб статус.
Со оглед дека не може да се очекува објективност и непристрасност од локалната полиција и обвинителство во Кавадарци , ТМРО бара итно расчистување на актот со фрлање експлозивна направа на возилото на нашиот функционер , од страна на МВР отсек за тероризам и ОЈО за организиран криминал, а денес се веќе писмено запознати и сите амбасади во Македонија.
ТМРО