Маж избол повеќе минувачи во парк близу Париз, пред да биде застрелан од полицијата, јавуваат локални медиуми.
Нападот се случил во градот Вилејуф, седум километри јужно од главниот град.
Се верува дека четири лица се ранети, а двајца се мртви.
Напаѓачот бил гонет од полицијата и потоа застрелан. Некои изјави велат дека тој на себе носел експлозивен елек, иако се’ уште не е потврдено.
Полицијата им препорача на граѓаните да избегнуваат движење во паркот.