Претставен е најбрзиот паметен воз на светот: 350 километри на час без машиновозач – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/20 3:30 PM

Претставен е најбрзиот паметен воз на светот: 350 километри на час без машиновозач

Со 5G сигнали, безжично полнење и интелигентно осветлување, паметниот воз G8811 тргна од железничката станица на северот од Пекинг на крајот од 2019 година и превезе патници до местото Жангјиакоу, на северот на кинеската провинција Хебеи, пренесува Xinhuanet.com.

Железницата е долга 174 километри, со 10 постојки. По должината на трасата се изградени неколку подземни тунели.

Со максимална брзина од 350 километри на час, ќе го намали времето за патување помеѓу Пекинг и Жангјиакоу од над три часа на 47 минути, олеснувајќи го меѓуградскиот сообраќај.

Изградбата на брзата железница траеше околу четири години.

За спортистите во возот на располагање е и простор за сноуборди и друга опрема за скијање. Започнати се услугите за е-билети за патниците да можат да ги користат своите лични карти или да скенираат QR-кодови за проверка на автентичност, наместо да чекаат ред за хартиени билети.

„Потребни се само 47 минути возење со воз од спортските терени во Пекинг до оние во Жангјиакоу, што обезбедува сигурен и удобен превоз за спортистите“, изјави Ли Јан, претседател на Кинеската асоцијација за уметничко лизгање.

Возовите со голема брзина не се само средство за транспорт, туку и клучен двигател на економскиот развој.

Се очекува завршувањето на линијата Пекинг-Жангјиакоу да го олесни интегрираниот развој на Пекинг, Тианјина и Хебеија, регионален градски кластер наречен „Jing-jin-ji“.

Жан Ксин, правнуката на Жан Тјанју „таткото на кинеската железница“, беше меѓу првите патници кои го тестираа брзиот воз.

„Брзите возови го отсликуваат кинескиот економски и технолошки развој. Да можеше мојот прадедо да ја види денешната брза железничка мрежа, ќе беше многу горд“, изјави таа.

Извор: denar.mk