Што треба да се знае за пожарите во Австралија? – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/20 2:05 PM

Што треба да се знае за пожарите во Австралија?

Австралија во моментов се бори со еден од најголемите пожари, дополнително отежнат од рекордно високите температури и неколкумесечната суша.

Каде се пожарите?

Пожарите горат долж источниот и јужниот брег каде всушност живее најголем дел од населението. Овде се вклучени и околините на Сиднеј и Аделаида.
Од септември годинава, во пожарите загинаа 19 лица а десетици се исчезнати.
Повеќе од четири милиони хектари изгореа во Нов Јужен Велс.

Зошто пожарите се со овој интензитет?

Австралија секогаш била подложна на пожари и кај нив тоа е познато како сезона на пожари, но оваа година тие се невообичаено поголеми од нормалното.
Непосредно влијание е времето, особено феноменот познат како „Индиски океан дипола“, што носи бранови на жештина и суша.
Оваа година, Австралија два пати го сруши температурниот рекорд: рекордни 40.9 степени целзиусови беа забележани на 17 декември, а веќе следниот ден тој рекорд беше урнат со 41.9 степени.

Како се борат со пожарите?

Пожарникарите гаснат и од воздух и од земја, но борбата со пожарот е екстремно тешка и често мораат да се фокусираат на тоа да го спречат нивното ширење наместо на целосно гаснење.
Спречување да се шири огнот, најчесто се прави со копање на препреки кои спречуваат да се шири пламенот. Приоритет е спасувањето животи.

Кој се’ работи?

Професионални пожарникари се во првиот ред пред огнените јазици, но, сепак помногубројни се илјадниците волонтери. Три волонтери имаат загинато.
Австралија има помош и од пожарникари  од САД, Канада и од Нов Зеланд.
Активно се вклучени и австралиската војска, полицијата и морнарицата.

Што се климатски промени?

Научниците се едногласни, зголемувањето на CO2 доведува до затоплување на планетата.
Австралија константно станува се потопла и потопла и се очекува тој тренд да продолжи во иднина.
Додека пожарите се нормална појава во Австралија, научниците одамна предупредуваа дека пожешка и посува клима би придонела до почести и поголеми пожари од вообичаените.
Екстремните временски прилики и високите температури го зголемуваат ризикот од пожари и нивното ширење е побрзо и зафаќа поголеми површини.

Колку е загрозен животинскиот свет?

Додека луѓето можат да избегаат или да бидат евакуирани доколку треба, животните не секогаш можат да ги избегнат пламените јазици.
Брзите животни како кенгурите, често успеваат да побегнат доколку не паднат во стапица. Коалите се бавни животни и најчесто умираат во пожарите.
Не секогаш животните умираат директно. Пожарите ги уништуваат нивните живеалишта, оставајќи ги ранливи по нивнто гаснење.
Истражување покажува дека околу 500 милиони животни угинале само во Нов Јужен Велс. Неброен број на говеда и овци се изгубени.

Што прави владата?

Секоја австралиска држава има посебни итни операции. Нов Јужен Велс е официјално во вонредна состојба.
Премиерот Скот Морисон вети повеќе пари за пожарникарите и исплата на волонтерите.
Националната влада е подложна на големи критики од опозицијата дека не прави доволно против климатските промени.
Австралија е еден од најголемите емитери на стаклени гасови.