Американската војска го убила генералот Сулејмани, вториот најмоќен човек во Иран – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/20 11:41 AM

Американската војска го убила генералот Сулејмани, вториот најмоќен човек во Иран

САД и Иран се многу блиску до нова војна. Белата куќа соопштила дека американскиот претседател Доналд Трамп го наредил воздушниот напад со дронови, при што утринава бил убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Генералот Сулејмани, кој ги водел иранските воени операции во Ирак и во Сирија, загинал додека  се возел од аеродромот кон Багдад. Во нападот со дронови на американската војска е убиен и заменик-шефот на ПМУ Абу Мајхди ал Мухадес, близок соработник на Сулејмани, кој важеше за втор најмоќен човек во Иран.

„Генерал Сулејмани активно ги развивал плановите за напади на американските дипломати и припадници на службите во Ирак и поширокиот регион. Овој удар имал за цел да ги прекине иранските планови за напад. САД ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни мерки за да го заштитат нашиот народ и нашите интереси, каде било и да се наоѓаат во светот“, стои во соопштението на Пентагон издадено по нападот.

Џавад Зариф, ирански министер за надворешни работи, го нарече денешниот американски напад во Багдад акт на меѓународен тероризам, објавувајќи дека САД ја сносат одговорноста за сите последици од него.