Ниш: Со „мерцедес“ на улица удрил во дива свиња, па завршил во болница – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/20 10:57 AM

Ниш: Со „мерцедес“ на улица удрил во дива свиња, па завршил во болница

Синоќа околу 23 часот на улица во селото Горна Трнава кај Ниш, Србија, 24-годишен возач налетал на дива свиња, која ненадејно истрачала на улицата во селото. Возачот се здобил со повреди на главата и вратот откако ја доживеал оваа несекојдневна сообраќајка. Со возило на итна поммош бил пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.

Дивата свиња, како што пишуваат српски медиуми, настрадала под тркалата на „мерцедесот“.