Кинез фрлил парички „за среќа“ во моторот од авионот – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/20 10:26 AM

Кинез фрлил парички „за среќа“ во моторот од авионот

Кинез кој летал за прв пат во животот, бил казнет со парична казна за фрлање парички во моторот на авионот.

Дваесет и осумгодишниот платил 17.200 американски долари, како компензација на авиопревозникот „Лаки аир“.

Лу Чао признал дека фрлил парички при качувањето во авионот, во источна Кина, во февруари 2019 година.

Тој се појавил на суд во јули, но случајот излзе во јавност дури сега.

Летот бил откажан откако лица на екипажот виделе парички на земјата близу еден од моторите.
Мерки за безбедност биле преземени веднаш, а на патниците им биле најдени други летови за дестинацијата.

Лу исто така бил казнет со 10 дена притвор за нарушување на јавниот ред и мир, но се спогодил да плати.
Вкупните трошоци му биле 17.600 американски долари.

Лу на суд изјавил дека авиокомпаниите требало да ги предупредуваат патниците да не фрлаат парички за среќа.