Време: Денеска до 12 степени, утре до 14, в недела малку снег, а за Божик стабилно, но со студени утра – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/20 7:02 AM

Време: Денеска до 12 степени, утре до 14, в недела малку снег, а за Божик стабилно, но со студени утра

Претежно сончево со ниски утрински температури, а максималната дневна од 12 степени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран. Во Охрид до 10, Штип до 9, Скопје, Битола и Тетово до 8… Ова е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре ќе се задржи сончево со услови за утринска магла по одделни котлини и со максимална температура од 14 степени. Попладне облачноста ќе се зголемува.

Под влијание на студена воздушна маса, в недела ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег. Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, особено со ниски утрински температури, кои може да се спуштат и до –12.