Германија бележи рекордна стапка на вработеност – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/20 3:54 PM

Германија бележи рекордна стапка на вработеност

Стапката на вработеност достигна рекордно високо ниво минатата година во Германија, како резултат на зголемената имиграција на странски работници, соопшти денес Канцеларијата за статистика.

Според податоците на Канцеларијата за статистика, бројот на вработени се зголемил за 402.000 или 0,9 проценти во 2019 година, на 45,3 милиони и покрај послабиот економски раст.

„Податоците укажуваат на тоа дека стапките на вработеност стабилно растат во изминатите 14 години, иако со намален интензитет“, се вели во извештајот.

Во услужниот сектор, забележан е најголем раст на годишно ниво од 319.000 работни места. Бројот на вработени во производството се зголемил за 59.000, а во градежништвото за 36.000.

Пазарот на трудот, исто така им помага на работниците да најдат подобро вработување со подобрена социјална заштита и повисоки приходи.

Аналитичарите велат дека стапката на вработеност се очекува да се намали оваа година, бидејќи производителите на автомобили и добавувачи на делови се соочуваат со намалување на побарувачката во странство и царински спорови.

Производителите, исто така, се соочуваат со проблеми во врска со почитување на построгите регулативи по скандалот со издувните гасови и зголемената употреба на електрични возила.

Извор: denar.mk