Овен (21.03 – 20.04)
Може да ве окупираат сериозни мисли или разговори за различни односи. Некои од вас може да влезат во нови партнерства, но повеќето ќе донесуваат одлуки за тоа каде води нивната моментална состојба. Практичните мисли се исклучително важни за вашата врска.
Бик (21.04 – 21.05)
Одговорностите ви го насочуваат патот по кој ќе треба да се движите. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Луѓето ќе бараат совети и одговори од вас, затоа бидете подготвени за нови предизвици. Оставате повеќе порстор и време за да дознаете повеќе информации.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Време е да покажете на дело што сте способни да направите. Помогнете некому со мал подарок, дарувајте одредена сума. Секое добро дело ќе ви се врати како бумеранг. Не бидете скептични. Светот е убаво место за живеење, но само ако вие си го направите такво.
Рак (22.06 – 22.07)
Новогодишното славење заврши и денес повторно треба да им се вратите на обврските, а тоа значи дека почесто ќе бидете опкружени со луѓе кои не ви се допаѓаат. Денес ќе ве нервираат луѓе кои со своите барања ќе ви попречуваат да си ги остварите плановите. Бидете љубезни, но не се плашете да си ги покажете и роговите ако некој ја злоупотребува вашата добрина.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес планетите ќе ви донесат одредена нестабилност. Тоа ќе влијае и на вашите односи со партнерот или блиските, што може да доведе до несакани ситуации кои ќе ви се вратат. Затоа, бидете внимателни кон оние што ви значат. Иако на работа не оди се како што посакувате, стрпете се малку и покажете повеќе почитување кон вашите работници и соработници.
Девица (23.08 – 22.09)
Бидејќи поседувате неуморна енергија, искористете ја како што треба. За почеток, учете да креирате односи со околината, но и други работи. Бидете подготвени да ги исполнувате туѓите желби, но ќе видите многу убави работи. Во фаза сте на донесување многу важна одлука. Одморете го вашиот мозок, размислете убаво и донесете ја вашата правилна одлука.
Вага (23.09 – 22.10)
Добро се чувствувате во друштво на некое лице кое има врска со странство и со кое можете да остварите добра соработка. Ќе добиете понуда за патување во странство. Ако сте млади, постои можност за обнова на соработката со некогашниот работодавец. Трудете се да бидете фер во тимската работа. Имате голема потреба за промена на работата или ќе се обидете на поинаков начин да се поставите кон колегите и претпоставените.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Многу сте заинтересирани за некоја нова работа која за вас и вашите соработници е многу интересна. Тешко е да ве убедат да направите нешто што вие не го сакате. Тоа е мудар потег бидејќи некој од вашата околина многу настојува да ве убеди да направите нешто што за вас не е добро. Можен е состанок со вашиот шеф. Би било подобро да не ја посочувате правдата бидејќи ќе дојдете во конфликт со некоја Девица или Јарец.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе имате спротивставени реакции денес, во ситуации во кои не се чувствувате најпријатно. Ќе имате неуспешни замисли во креативната работа, љубовниот интерес или заради тежината на одговорностите кои ви следат. Ако се соочите со реалноста може да си помогнете.
Јарец (22.12 – 20.01)
Секогаш сте се потпирале на други луѓе за да се чувствувате посигурни, било да се работи за ваш пријател, роднина или друга блиска личност. Време е да си го покачите нивото на самоувереност и да станете посамостојни. Шетајте со гордо крената глава. Способни сте да постигнете многу повеќе отколку што си мислите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете денот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Нема да знаете во што или кому да верувате. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите.
Риби (20.02 – 20.03)
Денот може да биле полн со непредвидливи случувања и среќавања. Немојте да бидете преосетливи и не се нервирајте за некои неважни прашања. Многумина ви завидуваат на успехот, а никој не знае колкава е цената што ја плаќате за тоа. Потребно е ситуацијата во која се наоѓате да ја согледувате од поведар агол.
Извор: denar.mk