Тетово во новата година влезе со голем број дивоизградени објекти. Претежно објектите се градат на државно земјиште, но надлежните како досега така и изминатава година не презедоа сериозни чекори за уривање на бесправно изградените објекти.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека процесот на справување на проблемот со дивоградбите бил успорен поради новиот предлог за легализација на дивоградбите, но и постоечкиот закон, во чии рамки голем број на дивоградби чекаат легализација.
Дивоградбите и нивната легализација е еден од најголемиот проблем во Тетово. При нивната градба не се почитуваат никакви стандарди за градба а нивната легализација се врши само со еден обичен лист хартија , и во иднина овие градби иако се легализирани се проблематични најчесто во случај на силни земјотреси.
Во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Албанија голем дел од градбите беа дивоградби каде имаше жртви, но и многу повредени.


