Радовишанче е првото бебе во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/20 1:30 PM

Радовишанче е првото бебе во Штип

Машко радовишанче е првороденото бебе во штипската клиничка болница. Ова е втора рожба на 28 годишната мајка Ана Божинова, штипјанка мажена во Радовиш.

Бебето е родено на први јануари, утрото во 08:05 минути. По еден ден одмор, мајката Ана беше среќна за посетата, изрази благодарност до персоналот на акушерското одделение и посака среќна и бериќетна година.
„Бебето се роди во 08:05 сабајлето, тешко е три кг и 100 грама, 49 сантиметри долго и се вика Матеј“, изјави мајката Ана.

Бебето Матеј доби штедна книшка со 10.000 денари, столче за хранење и мал подарок за мајката. Ова е симболично, но сакаме да изразиме почит за првороденото дете во 2020 година, рече градоначалникот Бочварски.
„Секоја година овде доаѓаме за убав настан. Можам да бидам задоволен дека до денеска има 6 родени бебиња, што значи дека ќе биде успешна и плодна година, со многу дечиња. Верувам дека клиничката болница ќе продолжи со нагорни трендови на рожби кои ќе се случуваат овде во Штип“, изјави Бочварски.

2019 година, штипската клиничка болница ја заврши со 708 раѓања. 35 отсто од породувањата биле раѓања со царски рез. Процентуално имало мал пораст на родени машки деца.
Шесте родени деца годинава, се еднакво поделени – три машки и три женски деца.