Холандските власти соопштија дека од 1 јануари 2020 година, името Холандија (Holland) официјално престанува да постои како ознака за државата и отсега сите институции треба да го користат името „Нидерланд“. Владата верува дека мерката ќе и’ овозможи на земјата да се ослободи од својот имиџ за дрога и проституција.
Властите исто така веруваат дека оваа одлука ќе го прераспредели туристичкиот проток низ сите делови на земјата, бидејќи денес повеќето туристи ја посетуваат историски старата Холандија – Амстердам и Хаг, па овие градови не можат да се справат со огромниот прилив на посетители.
Националниот совет за туризам се надева дека туристите ќе започнат со посета на нови и поприспособени дестинации.


