Христијан од Скопје на Нова година на Кралскиот плоштад на Златибор ја запросил својата девојка – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/20 8:32 AM

Христијан од Скопје на Нова година на Кралскиот плоштад на Златибор ја запросил својата девојка

Илјадници гости на Златибор, Србија, во не така студена планинска ноќ ја дочекале Новата 2020 година на Кралскиот плоштад со музиката и песната на Мирослав Илиќ.

Непосредно пред полноќ, Мирослав пред микрофонот соопштил специјална објава дека Христијан од Скопје јавно на полниот златиборски плоштад ќе ја побара за жена својата девојка Фани. За тој свечен миг, популарниот пејач им ја испеал „Још те нешто чини изузетном“, пишува белградски „Курир“.