Хрватска го зема претседателството на Европската унија – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/20 12:47 PM

Хрватска го зема претседателството на Европската унија

Хрватска од денеска е новиот претседавач со Европската Унија. Хрватскиот премиер Пленковиќ веќе во наредните денови ќе биде домаќин и ќе има средби со голем број од челниците на европските институции.

Веќе на 7 јануари, два дена по вториот круг на претседателски избори, Пленковиќ патува во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Една од теми на разговор, според најавите ќе биде и проширувањето кое за време на хрватското претседателство ќе биде висока на агендата. По Хрватска, претседателството со ЕУ ќе го преземе Германија, по што оваа задача ќе ја имаат Португалија, па Словенија.