Камерун: Kиднапирани осуммина членови на екипаж во вооружен напад врз грчки танкер – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/19 11:34 AM

Камерун: Kиднапирани осуммина членови на екипаж во вооружен напад врз грчки танкер

Врз грчки танкер, закотвен на пристаниште во Камерун, бил извршен вооружен напад, при што се киднапирани осуммина членови на екипажот, а еден од нив бил повреден.

Инцидентот се случил утринава. Од киднапираните осуммина од вкупно 28-члениот екипаж, петмина Грци, двајца Филипинци и еден Украинец.