Илјадници луѓе се заробени на плажите на југоистокот на Австралија откако претходно ги напуштиле своите домови поради пожарите кои се шират со силен интензитет. Најмалку две лица го загубија животот, пренесуваат агенциите.
Повеќе од четири илјади туристи и тамошни жители биле приморани да ги напуштат домовите во Малакота во државата Викторија, каде што небото стана целосно црно поради густиот чад.
Во раните утрински часови се огласија и сирените кои ги предупредија граѓаните за непосредна опасност од пожар, по што сите се упатиле кон плажите во близина, следејќи го планот на евакуација на австралиските власти.
Според официјалните податоци, во пожарите во Австралија досега вкупно 12 луѓе го загубија животот, меѓу кои и тројца пожарникари.



