Канцеларија во која се чувал архивски материјал во Градската општа болница „8 Септември” е опожарена ноќеска, но нема повредени лица. Причинета е само материјална штета.
Од Министерството за здравство информираат дека други простории не се зафатени со пожарот.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје од каде за МИА изјавија дека интервенирале со две возила и пет пожарникари. Пријавен е во 22:20 часот и благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица не е дозволено да биде проширен во околните простории.
Причините за пожарот ќе бидат утврдени од страна на надлежните институции.
МИА