Србија: Малолетник со ловџиска пушка уби 15-годишно девојче – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/19 7:50 AM

Србија: Малолетник со ловџиска пушка уби 15-годишно девојче

Во селото Жутица, кај Рашка, Србија, вчера се случи трагедија. Под засега неразјаснети околности, 16-годишно момче со иницијали М.Ј. со ловџиска пушка смртно го застрелал 15-годишното девојче С.П. (на фотосот) од месноста Блаце, пишуваат српски медиуми.

До трагедијата, според првичните сознанија, дошло од невнимание. Девојчето починало на самото место, а М.Ј. е уапсен. Лекарите од брзата помош кои пристигнале на лице место само констатирале смрт.