Поради силното снежно невреме, голем број летови вчера беа откажани на поголемите аеродроми во источниот дел на Канада. Вкупно се откажани повеќе од 170 поаѓања и пристигнувања на аеродромите во Монтреал, Торонто, Квебек во Отава, јавуваат агенциите.
„Ги повикуваме жителите на Онтарио и Квебек погодени од денешното невреме : останете безбедни и почитувајте ги инструкциите на локалните власти“, предупреди канадскиот премиер Џастин Трудо.


