Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Бугарија. Земјотресот е регистриран во 19 часот, со епицентар 64 километри јужно од Софија, во близина на Благоевград.
Инаку истиот е почувствуван и во источните и јужните делови од земјава. Го регистрираа и мерните станици во Валандово и во Охрид.
Вчера на речиси истото подрачје имаше земјотрес со јачина од 3,7 степени.


