Градоначалничката на Тетово Теута Арифи рече дека доволно направила во 2019 година за градот. Истакна дека реализирале повеќе проекти, но главните како пробивање на булевари, гасификација и функционирање на јавниот превоз вети дека ќе се реализираат наредната година.
Поставивме цели и политики за одржлив и долгорочен развој, затоа што проблемите што ги наследивме бараа сигурни, добро осмислени решенија кои би им служеле за благосостојба и потребите на граѓаните на општина Тетово, истакна Теута Арифи во својот предновогодишен говор.
И годинава не беа решени главните инфраструктурни проблеми како пробивање на булевари, пуштање на пречистителна станица во употреба, но и гасификацијата. Ове проекти како што рече Арифи ќе се реализираат наредната година.
Таа истакна дека како општина и покрај големите финансиsки проблеми успеале да инвестираат 25 милиони денари во градинките и училиштата.
Зоран Димовски


