Претрес во домот на Теофиловски, истрагата се уште трае – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/19 4:28 PM

Претрес во домот на Теофиловски, истрагата се уште трае

Градоначалничката на Тетово не сакаше да даде поконкрени информации околу утринското апсење на 5 жители на Тетово вработени во нејзината општина.

Таа рече дека случајот со приватизацијата на државното земјиште, а во кое се инволвирани 10 лица меѓу кои и членот на судскиот совет Зоран Теофиловски се случил во 2012 година кога таа не била градоначачлничката затоа и нема како што рече прецизни информации околу него.

Нашите информации говорат дека околу 14 часот цивилна полиција била во домот на Теофиловски, но не го пронашла, истрагата се уште трае.

Од Еко Герила ја поздравуваат ваквата акција и истата како што велат треба да продолжи и во останатите делови од градот каде има голема узурпација на државно земјиште.

Еко Герила ја поздравува полициската акција во која 5 вработени во Општина Тетово се уапсени во врска со злоупотреби во приватизацијата на јавните имоти.

Ги охрабруваме истражните органите и органите за спроведување на законот, да ја прошират истражната операција во Општина Тетово за да ги откријат вистинските виновници кои дозволиле и овозможиле масовно окупирање на други јавни површини во градот Тетово и да се донесат пред лице на правдата и „крупните риби„.

Уништувањето на зелените површини во градот и нивната трансформација во приватни паркинзи за поребите на станбените згради, треба да води кон процесот во кој треба да бидат истражени и други лица вклучени во овие мафијашки активности и да се притвор согласно законот. Очекуваме неселективна правда!

Инаку Десетина службени лица вработени во секторот за урбанизам во општина Тетово се под истрага на Одделот за организиран криминал при МВР и Oбвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Освен овие десет лица, полицијата го бара и членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски. Сите се осомничени за злоупотреба на службената положба, односно незаконска легализација и за приватизација на атрактивно државно земјиште. Станува збор за бесправна легализација на поранешното Тениско спортско Здружение Љуботен Тетово, чиј поранешен претседател е членот на Судскиот совет.

Зоран Димовски