Како да се однесувате во отворени канцеларии – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/19 2:44 PM

Како да се однесувате во отворени канцеларии

Работата во големи канцеларии без преградни ѕидови понекогаш е исклучително напорнa, но може да биде сосема подносливa ако се придржувате кон овие правила на однесување.

Телефон

Колешката толку гласно разговара на телефон што ја слуша целата канцеларија? Во тој случај најдобро е да и покажете црвен картон. Договорете се со колегите од нејзиното непосредно опкружување за знак со кој ќе и ставите до знаење дека претерала.

Мобилен телефон

Силното ѕвонење на мобилниот телефон кој пречи дури и кога сте во градскиот превоз, уште е пострашно ако постојано го слушате на работа. Поради тоа во канцеларија секогаш треба да го префрлите телефонот на вибрации или да го исклучите (барем да го намалите) тонот.

Приватни разговори

Колегата има проблеми со девојката? Дали баш сите треба да слушаат додека тие се расправаат на телефон? Излезете надвор кога имате приватни разговори или повлечете се во друга просторија. Исклучок е кога разговорите траат кратко.

Конзумирање храна

Не е проблем ако изедете јаболко или чоколатце на бирото, но шницла и помфрит се забранети.

Парфем и лакирање на нокти

Немојте да заборавите дека вкусовите се разликуваат кога зборуваме за парфемите. За да не ги иритирате колегите, бидете умерени во кристењето парфеми. Ако сакате да ставите дезодоранс немојте тоа да го правите на работното место, отидете до тоалетот.

Извор: denar.mk