ГШ: Армијата секогаш била, е и ќе остане надвор од било какви вмешувања во внатрешните случувања на политичките субјекти – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/19 1:15 PM

ГШ: Армијата секогаш била, е и ќе остане надвор од било какви вмешувања во внатрешните случувања на политичките субјекти

Во врска со актуелното зачестено споменување во медиумскиот простор на Армијата и нејзини припадници, во контекст на актуелните политички случувања во државата, чувствуваме потреба да реагираме, при што,

Генералштабот на Армијата категорично застанува против сите обиди за нејзино инволвирање и нарушување на макотрпно и достоинствено градениот углед и кредибилитет кој го има стекнато кај граѓаните кој е препознаен во општеството од осамостујувањето до денес.

Армијата секогаш била, е и ќе остане надвор од било какви вмешувања во внатрешните збиднувања на политичките субјекти и нема да дозволи внатрешната кохезија и единство да биде нарушена од било кој припадник на Армијата и надвор од неа.

Најостро го осудуваме секој облик на изразување на неофицијални лични ставови кои предизвикуват инволвирање на Армијата и нејзините припадници во контекст на дневните политички случувања.

Генералштабот на Армијата ќе остане доследен на извршување на својата мисија и задачи и на најпрофесионален начин да ги спроведува предвидените реформски процеси во Армијата согласно високите НАТО стандарди, грижејќи се за зачувување на безбедноста на граѓаните, суверенитетот и државниот интегритет на нашата татковина.

ГШ на Армијата – Канцеларија за односи со јавноста