Прогласени петте најуспешни работници на скопска „Комунална хигиена” за 2019 – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/19 11:32 AM

Прогласени петте најуспешни работници на скопска „Комунална хигиена” за 2019

Јавното претпријатие „Комунална хигиена” – Скопје ги прогласи своите пет најуспешни работници за 2019-та година. Тоа се работниците за собирање отпад Зулфи Алиу и Тефик Усеин, мијачот на возила Фејзо Фејзов, работникот на вага Исмаил Исмаил и Ирфан Мифтари – работник за собирање индустриски неопасен отпад.

Директорот Абдусамед Шабани им додели признанија на најуспешни работници во претпријатието, посочувајќи ги како пример за квалитетно извршување на работните задачи.

– Овие пет работници покажаа особена успешност и постигнaa исклучителни резултати во работењето. Тие ги извршуваат своите обврски во најтешките работни услови и затоа ми претставува голема чест што можев да ги наградам и да им покажам колку го ценам нивниот труд. Оваа практика за прогласување пет најуспешни работници ја воведуваме првпат во ЈП „Комунална хигиена”-Скопје и искрено се надевам дека ќе прерасне во традиција, изјави директорот Шабани.

MИА