Променливо облачно и студено со провејување на слаб снег, особено на северот од земјава. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен северен ветер со брзина и над 50 км/час. Ваква е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура од 6 степени ќе биде измерена во Гевгелија и во Крушево. Во Штип до 4, Скопје до 3, Охрид до 2, Битола до 1 степен…
Во следните четири дена, според УХМР, се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Утре минималната температура се очекува да се движи меѓу – 10 и – 3 степени, а максималната од 0 до 8. В среда минималната температура од – 7 до 0, а максималната од 1 до 8. В четврток минимална од -8 до 0, а максимална од 1 до 7 степени. В петок минимална од – 9 до -1, а максимална од 2 до 10 степени.


