Драма во кафеана во Скопје: Газдите се степале со гости – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/19 1:51 PM

Драма во кафеана во Скопје: Газдите се степале со гости

Во СВР Скопје  било пријавено дека во угостителски објект на булеварот „Борис Трајковски“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

МВР информира дека 48-годишниот Ј.П. и 21-годишниот К.П од Скопје, од една страна, и 29-годишниот Ј.Т. и 33-годишниот Г.Т.  од Скопје од друга страна,  сопственици на угостителскиот објект, се степале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.