На 27.12.2019 околу 13,45 часот во СВР Штип било пријавено дека К.А. (41) од Кочани -затвореник во КПД ,,Штип“ додека бил во неговата соба во полуотворениот дел од затворот заедно со други затвореници се пожалил за неговата здравствена состојба по што паднал и не давал знаци на живот.Според пријавеното, тој бил однесен во затворската амбуланта каде му била дадена медицинска помош по што од лекар од итната медицинска помош била константирана смрт, без знаци на насилство.На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 28.12.2019 во 01.15 часот на кружен тек во с.Карбинци – Штип од полициски службеници од СВР Штип бил лишен од слобода Н. М. (42) од Виница, поради тоа што истиот физички нападнал полициски службеници кои постапувале по претходна пријава во 01.30 часот од И.П.(21) од с.Пекљани,виничко и С.М.(37) од Кочани дека пред продавница во с.Карбинци биле физички нападнати од Н.М. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.12.2019 во 19,55 часот во Полициска станица Виница, К.С.(24) од Виница пријавил дека на раскрсницата од ул.„Љупчо Сантов“ и ул.„Ангел Винички“ во Виница, Ц.Н.(22) била физички нападната од непознат сторител.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.12.2019 во 05.00 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш патничко моторно возило„ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ѓ.Л.(40) од с.Пепелиште,неготинско излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Н.(37) од Неготино кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.