Том Хенкс стана Грк – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/19 4:30 PM

Том Хенкс стана Грк

Претседателот на Републиката, Прокопис Павлопулос денеска потпиша почесно грчко државјанство  на славниот американски актер и вљубеник во Грција, Том Хенкс.

Познатата холивудска ѕвезда е женет за Рита Вилсон (со грчко потекло по нејзината мајка, Доротеја), позната по добротворните активности. Многу години наназад Американецот Том Ханс ги поминува своите лета во Грција и особено во Антипарос.

Уште една славна холивудска личност деновиве потсети на своите грчки корени. Ѕвездата на најновата ТВ срија, „Утринска програма“ (The Morning show) , Џенифер Анистон објави фотографија од детските денови, со својот татко, Јанис Анастасаки (Џон Анистон), во сеќавање на Божиќ поминат со родителите, како дете.

Таткото на Анистон, Јанис Анастасакис, е роден во Ханија во 1933 година и две години подоцна, во 1935 година, неговото семејство беше присилено да емигрира во Соединетите држави.

Џенифер Анистон е родена на 11 февруари 1969 година во Шерман Оук, Калифорнија, САД, а нејзино грчко име е Геновефа Јоана Анастасаки. Иако не е широко познат факт, Анистон има живеено во Грција една година, но поголемиот дел од детството го помина во Њујорк.