Антикоцкање – Владата не презема мерки против порокот коцкање – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/19 2:55 PM

Антикоцкање – Владата не презема мерки против порокот коцкање

Наместо дислокација на објектите каде се приредуваат игрите на среќа власта дава дозволи за отворање на нови казина и обложувалници, реагираат од движењето Антикоцкање.

Оттаму истакнаа дека владата воопшто не ги исполнила ветувањата дека ќе се бори против порокот коцкање и нема да дозволи отворање на нови. Напротив како што велат од Антикоцкање високи државни функциониери се почесни гости на помпезни отоврање на објекти каде се приредуваат игри на среќа.

Од движењето Антикоцкање до Собранието имаат доставено предлог закон  сите казина и обложувалници да бидат оддалечени најмалку 3 километри од населени места.

Зоран Димовски