Тепачките меѓу тетовските ученици не запира – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/19 2:23 PM

Тепачките меѓу тетовските ученици не запира

Тепачките меѓу тетовските ученици не запира. Вчера полицијата регистрираше два инциденти каде биле користени и ножеви. За една недела полицијата има регистрирано три инциденти меѓу тетовски ученици.  


Вчера околу 17 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Браќа Миладинови”, во близина на тетовско средно училиште, 16-годишник од тетовски Копачиндол во физичка пресметка со остар предмет го повредил во стомакот и левата рака А.Ј.(18) од Тетово. На повредувањето му претходела нивна меѓусебна вербална расправија.

Извршен е увид, а нешто подоцна малолетникот обезбеден е во Полициската станица Тетово.Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.

Зоран Димовски

 

Вчера доцна попладне пак во 18 часот и 10 минути, 18-годишниот тетовец Б.М. во СВР Тетово пријавил дека околу 15 часот и 20 минути во дворот на тетовско средно училиште, на голем одмор, физички бил нападнат од неколку лица, кои во најголем број ги познавал.Се работи на расчистување и документирање на случајот.

 

За нецела недела полицијата има регистрирано три инциденти. Во средата тројца ученици од основното училиште во Тетово нападнаа нивни соученик со тврд предмет