Поради полициска акција, од утринава е затворен граничниот премин „Обрежје“ на хрватско-словенечката граница. Според словенечки месиуми, полицијата пронашла бомба во автобус на хрватска авторевозна компанија што од Хрватска влегувал во Словенија.
Приведено било едно лице, и, иако се уште не се официјално потврдено, се работело за руски државјанин. Словенечката полиција информира дека во овие моменти се одвива интервенција на специјализирани екипи кои треба да утврдат за каква точно експлозивна направа се работи.
Граничниот премин е затворен во двата правци, а возилата се пренасочуваат кон помалите помали гранични премини.