Нетанјаху победи убедливо, останува на чело на Ликуд – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/19 11:01 AM

Нетанјаху победи убедливо, останува на чело на Ликуд

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оствари убедлива победа на гласањето за лидер на неговата партија Ликуд.

Тој доби 72,5 отсто од гласовите, а неговиот ривал Гидеон Саар – 27,5.

Саар го призна поразот, велејќи дека тој сега ќе го поддржи Нетанјаху на парламентарните избори што ќе се одржат во март.

Внатрепартиското гласање се сметаше за тест на моќта на Нетанјаху, кој се соочува со судење за обвиненија за мито и корупција, како и со трети национални избори во рок од една година.

Претходните избори одржани во април и септември го доведоа Ликуд во ќор-сокак со центристичката Сино-бела партија – кога ниедна од нив не успеа да формира влада.