Авион што припаѓал на локалната казахстанска авиокомпанија Бек Ер со 100 лица во авионот (95 патници и 5 членови на екипажот) се урнал по полетувањето од аеродромот во Алмати, најголемиот град во земјата, пренесе АП.
Според најновите податоци, загинале 12 лица , вклучувајќи го и пилотот на авионот. Претходно, 15 беа пријавени мртви.Уште 66 лица се однесени во болници, од кои 49 се хоспитализирани, од кои 12 се во сериозна состојба.
— Игор (@Comrade_Mac_) December 27, 2019
При полетувањето, авионот изгубил висина, пробил бетонска ограда и удрил во двокатна зграда во изградба во станбена област. За среќа, не избувнал пожар, поради што повеќето луѓе преживеаја. Луѓето од станбената област беа евакуирани.
Авионот требаше да патува за Нур-Султан, место пред Астана, главниот град на Казахстан.
— Игор (@Comrade_Mac_) December 27, 2019