Новиот мост во Ваташа од денеска е во фунцкија – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/19 1:27 PM

Новиот мост во Ваташа од денеска е во фунцкија

После четири децении жителите на селото Ваташа добија нов мост на ректа Луда Мара, со кој се добива поголема безбедност во сообраќајот. Државата, преку Агенцијата за патишта инвестираше 500 илјади евра за изградба на овој мост кој ги поврзува, Кавадарци и Ваташа со селата од под кожувјето. Општината со свои средства работеше на инфраструктурно уредување на мостот.

Директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов нагласи дека ова е прв нов мост кој е изграден во државата после 30 години.

„Кога прашав минатиот пат, ми рекоа жителите дека не знаат колку коли имаат извадено од реката, поради небезбедниот мост. Еве го новиот мост завршен, направен по сите правила и прописи. Благодарност до општината и градоначалникот што инфраструктурно не следеа за сликата да биде уште подобра, а граѓаните позадоволни.“ вели Китанов и нагласи дека во Тиквешијата е завршена реконструкцијата на два моста на реката Вардар и се пуштени во функција.

„Ова е долго очекуван и посакуван проект за општина Кавадарци и селото Ваташа. Стариот мост беше во катастрофална состојба и во лоша позиција поставен. Според анализите, годишно над 10 до 15 сообраќајки нњекогаш и со посериозни последици. На барање на општината успеавме да изготвиме заедничко решение со владата и Агенцијата за патишта. На овој дел се движат тешки возила од македонски шуми и стопанските субјекти кои гравитираат кон Кожув“ вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Тој нагласи дека инвестицијата е на прво место и овој мост ќе биде од големо значење и по отворањето на граничниот премин кон Грција, Пуљевац.

Ангел Данов