Новогодишни пакетчиња за сите првачиња во општина Гевгелија – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/19 12:35 PM

Новогодишни пакетчиња за сите првачиња во општина Гевгелија

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, градоначалникот Сашо Поцков денеска на сите 210 првачиња во основните училишта во Општина Гевгелија им додели новогодишни пакетчиња.

Подароците на првачињата во ООУ „Владо Кантарџиев” во Гевгелија им беа доделени на претставата организирана од учениците во ова училиште кои со песни, музика и игра го пречекаа Дедо Мраз, а на своите другарчиња од првите одделенија им посакаа успешно школување.

Новогодишни приредби и средби со градоначалниот Поцков беа организирани и во отанатите три основни училишта „Крсте Мисирков”, во Гевгелија, „Ристо Шуклев” во Негорци и „Климент Охридски” во Миравци.

По доделувањето на новогодишните пакетчиња,градоначалникот Поцков на првачињата им посака многу среќа, радост и весело детство во Новата година, но и вредно учење и почитување на другарството.

МИА