Извршителите штрајкуваат – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/19 11:07 AM

Извршителите штрајкуваат

Извршителите денеска не се на работа, a имаат најавено и протест. Остануваат на одлуката од понеделникот за еднодневен прекин со работата. Тие се незадоволни од новиот тарифник предложен од Владата, со кој наградата за извршителите при извршување на парични побарувања од граѓани се намалува за повеќе од трипати – од  1.000 на 300 евра. Тие се заканија дека ако новиот тарифник помине без нивна согласност веројатно и трајно ќе ја прекинеле работата.

Во Македонија има деведесетина извршители, а многу граѓани подолг период се жалат на нивната работа и на високите цени во тарифникот.