Израел: Нетанјаху вчера избегна ракета – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/19 9:30 AM

Израел: Нетанјаху вчера избегна ракета

Бегајќи од ракета истрелана од Појасот Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ја напушти говорницата во текот на предизборниот собир во градот Ашкелон. Израелската војска соопшти дека нејзиниот систем за противвоздушна одбрана ја пресретнал ракетата.

Ниту една палестинска организација досега не ја презеде одгворноста за овој напад. Спорадичното лансирање ракети и одмаздите на Израел на ваквите напади се чести и покрај прекинот на огнот со помош на Египет со што во ноември беа окончани дводневните борби меѓу палестинските групи и Израел.